Пентагон неофицијално тврди дека украинскиот авион е погоден со иранска ракета

Извори од Пентагон за Њузвик тврдат дека украинскиот авион ,,Боинг 737-800“, вчера бил погоден со иранска ракета веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран.

Само неколку минути по полетувањето авионот престанал да емитува сигнали, а потоа од земја се видела огромна светлосна експлозија, по што авионот се распаданал и во парчиња паднал на земја.

Пентагон тврди дека противвоздушната ракета е лансирана од иранската војска и тоа речиси истовремено кога се лансирани рактите кон Ирак и воените бази на САД во оваа земја.

Најверојатно ракетата го погодила по грешка патничкиот авион, сметаат некои извори и од иранска страна.

Во авионската несреќа загинаа сите патници и членови на екипажот.