Пентагон тврди: Во Сирија убиен водач на Ал Каеда

Министерството за одбрана на САД соопшти денес дека во Сирија во октомври во американски воздушен напад е убиен еден од водачите на Ал Каеда кој претходно се поврзуваше со водачот на таа терористичка организација, Осама бин Ладен.

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, рече дека убиениот Хајдар Киркан за кој навел дека ги планирал нападите надвор од Сирија, меѓу останатите оние што беа изведени во Турција.

Дејвис изјавил дека Киркан е убиен во напад на беспилотно летало на 17 октомври близу Идлиб, во западниот дел на Сирија.

САД претходно соопштија дека после тој напад било стрелано на цели на Ал Каеда во Јемен и Авганистан.