Владејачката партија во Зимбабве ЗАНУ-ПФ, го разреши претседателот на државата Роберт Мугабе од лидерската функција во партијата, обајвија агенциите. Во извештаите се наведува дека и сопругата на Роберт, Грејс Мугабе, е избркана од партијата.

Оваа одлука се славеше од останатите членови во партијата, кои играа и пееа по долгогодишното ослободување од цврстата рака на речиси стогодишниот повеќедецениски лидер на Зимбабве.

Вчера, десетици илјади луѓе излегоа на улиците на главниот град Хараре, за да демонстрираат против Мугабе по неколкугодишни економски тешкотии и кршење на човековите права.

Војската на Зимбабве ја презеде власта на 15 ноември ставајќи го 93-годишниот претседател во домашен притвор и притворајќи некои од неговите сојузници.