Петмина мртви и 40 повредени во терористичкиот напад во Лондон

Лондонската полиција соопшти дека  пет луѓе се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, а 40 други биле повредени во вчерашниот терористички напад кај британскиот Парламент. Тројца од починатите се случајни пешаци на мостот кои убиецот ги покоси со автомобилот, полицаецот кој беше ранет со нож и напаѓачот кој беше убиен од полицијата.

Полицијата верува дека нападот го извел еден човек, но продолжува истрагата и не се исклучува можноста и други да биле вклучени во него. Шефот на антитеростичката служба на лондонската полиција Марк Роули изјави дека постои сомневање оти причина за нападот бил исламскиот екстремизам и дека е познат идентитетот на напаѓачот.

Се почнало кога тој најпрвин со автомобил прегазил пешаци на Вестминистерскиот мост преку реката Темза, а потоа со нож сакал да влезе во дворот на британскиот Парламент при што убил еден полицаец. Тогаш тој бил убиен од полицајци во цивилна облека.