Маж на возраст од 39 години почина ноќеска во 5 часот, со што трагичниот биланс на тешката автобуска несреќа се зголеми на 15, јави Канал 5 телевизија.
Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.