Петра Влхова од Словачка го освои првиот златен медал на светските првенства во Алпско скијање, во Оре таа победи во велеслалом . Таа прва скијачка од Словачка што освоила златен медал на светските првенства.

Петра Влхова – Словачка

Влхова која има 23 години до златниот медал стигна со време 2:01,97, беше втора по првата трка , имаше извонредна втора трка и заслужено дојде до златото. Место на подиумот имаше и за Ребенсбург од Германја која го освои среброто а беше водечка по првата трка, Шифрин од САД освои бронза.

За Влхова ова е вкупно трет медал на Мундијалите, има и две сребра.