Петровска: Ако некој чекал резултати од тест за Ковид 19 и притоа седел на кафе со вас, тој не ви е пријател

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, ги повика битолчани на поголема одговорност и повика да ги пријават неодговорните.

,,Ни треба сериозност повеќе од било кога. Од самиот почеток на COVID кризата сум велела дека од однесувањето на сите нас најмногу зависи колку ќе исконтролираме да не се случи огромна експанзија на заболени и жртви. Сите досегашни искуства потврдија дека носењето маска, држење дистанца и миење раце се најклучните елементи во заштитата.

Воедно, охрабрувам пријавување на сечие незаконито однесување.

ПРИЈАВЕТЕ – ако некој чекал резултати од тест а притоа седел на кафе со вас. Тој не ви е пријател!

ПРИЈАВЕТЕ – ако сте виделе некого во продавница, а не одел на работа бидејќи имал контакт со заразен од COVID. Тој не мислел на другите!

ПРИЈАВЕТЕ – ако некој заразен не ве посочил како контакт.

Бидете поодговорни од него. Никогаш не сум била ловец на лажни симпатии. Затоа, иако е непопуларно можеби за политичар да го каже ова вака отворено, сеедно, ќе кажам – ако имам доказ за било каков случај на непочитување и ставање во опасност на други без ронка двоумење, ќе пријавам“-порача Петровска.