Петровска: Драги мои битолчани, не земајте непрописно спакувана маска!

Градоначалничката на Битолаа, Наташа Петровска, реагира на однесувањето на претставници на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

,,Кое лицемерие и непримерност – делење маски од една страна (патем и тие фаќани со раце, отворени), а потоа недржење социјална дистанца. Која лакрдија! Еднаш нека се одлучат, реалност или не е короната?!
Патем, драги мои битолчани, не земајте маска непрописно спакувана. Кој Ви гарантира дека токму на неа нема вирус?
И после, држава ќе воделе!“-реаагира Петровска на нејзиниот Б профил.

Министерот за внатрешни, Наќе Чулев, инаку кадар н ВМРО ДПМНЕ, вчера во Битола во рамки на акцијата на МВР делеше отворени заштитни медицински маски.