Петрушевска: Ретки се тие глумци што полнат сали, но тоа нема да го сретнете во некој медиум

,, Одамна не ме интересира што прават сите оние кои сакаат да се покажат себеси на најтривијален возможен начин.
Не ја прифаќам омразата која кај нас е на ниво на линч.

Одамна загубивме да споделуваме љубов и трпение.Сѐ мислиме дека е нешто друго многу поважно, дури најважно.Сѐ до моментот кога ни се случуваат работи врз кои немаме контрола.Го губиме низ прсти она за што се бориме цел живот.

Зошто да отворам фејсбук? За да се срамам од постапките на оние кои нѐ водат, на оние кои замислуваат дека имаат медиум и мислат дека се ,,богови”, за фотографиите после секое отворање на Охридско лето , а градот го урнисаа за лични употреби години наназад и баш им е гајле.

Тоа што не слушаат музика ич не правам муабет.Ама ете август, септември, октомври ќе работам со неколку екипи на детски и тинејџерски серии , нешто кое никому не му е гајле дека младите треба да имаат простор и производ во медиум за идентификација.Меѓу нас ќе бидат тоа одлични проекти!


Кога полнам сали во сите домови на култура многу ми е кеиф оти публиката искрено сака да биде со мене.Ретки се тие глумци кои полнат сали …но тоа како податок нема да го сретнете во медиумите,а не е ни важно.

Сепак е поважно да се напише со кого го прелажала мажот ѝ Наташа Беквалац и колку шамари изела, како и тоа дека е од културолошко значење е концертот на Владо Георгиев во Битола.


Да не зборувам за некрофилските потреби на народот ,па си прават муабет за умрени како за краставици на пазар.Одете малку на клиника да видите како нашиот народ се лечи, почекајте во некој ходник, направете си муабет со болничар, сестра, доктори.Ерозија драги мои, оставени сте само на себе!


Јас оваа година имам 25 години јубилеј, полнам сали, работам со деца повеќе од 15 години, општествено одговорна сум, секој ден се трудам да бидам добар човек,плаќам долгови и сметки со задоцнување, се учам да бидам родител секој ден, се будам ноќе од грижа за моите деца, сама сум на фронтот .

Ама затоа пратениците народни ќе се арогантни голтари, претседателот на државата ќе се обраќа со “љубави”, премиерот ќе го зезаат руски комичари, оној бегалецон со силикони се слика и не му чуе….народот не се смее ….народот заборави да се смее. …и ќе имаме телевизиска програма само со дебати , се изнагледав стаклени маси,столчиња и досадни ликови .Убер досадни полемики ! “ – вели во својот денешен ФБ статус познатата македонска актерка, Весна Петрушевска.