,,Се простивме од Горан. Пријатели, колеги, студенти, неговите најмили. Во преполната сала исполнета да последното ќоше, седечки и простум, немаше игла каде да се фрли. Со грутки во стомакот, срцето, солзи во очите и со љубов и почит за Горан. Сите, до еден. Неговите студенти започнаа петиција една од зградите на Универзитетот во Кент каде што беше професор ѕвезда, да го носи неговото име. Горан не дочека со Зајди, зајди. Не испрати со Strawberries field forever.
Се простивме со Горан. Со национално богатство не може никој да се збогува! А Горан е повеќе од тоа!
 “-напиша Маја Петрушевска на својот ФБ профил, блиска пријателка со Горан и уредник во БИ-БИ-СИ во Лондон.

Насловна фотографија: Од ФБ профилот на ќерката на Горан, Јана Стефановска