Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо најверојатно по петти пат ќе стане татко. Имено, неговата свршеничка Георгина Родригез, со која има ќерка Алена Мартина, повторно е бремена.

Португалските таблоиди шпекулираат со бременоста на Георгина откако таа се појавила на една свеченост на Канарските острови, кога облечена во модел на Версаче, не остана незабележано стомачето кое се отцртуваше, па тоа беше доволен повод да почнат шпекулациите за нова бременост. Георгина беше облечена во фустан на „Версаче“, ремен од „Балмин“ и обувки од „Акваѕура“.

Самиот Роналдо никогаш не криел дека многу сака деца, веќе има четири, од кои три се со сурогат мајка, а едно му „подари“ Георгина.