Петчлено српско семејство повредено во експлозија на глисер во Грција(видео)

Четиригодишно девојче е тешко повредено во вчерашната експлозија на глисер во грчкото летувалиште Агиос Јоанис на Ситонија, Халкидики.

Како што јавува РТС, eдна од трите ќерки на петчленото српско семејство е потешко повредена , по што е веднаш пренесена во болница во Солун.

Со полесни повреди се останатите членови од семејството, a во болница се пренесени уште една од ќерките и мајката , кои имале изгореници по телото.

Петчленото семејство се наоѓале на глисерот со инструктор, но во еден момент дошло до експлозија, по што мајката со двете ќерки успеала да скокне во морето, а таткото останал на глисерот со четиригодишната ќерка.

Четиригодишното девојче при експлозијата добило повреди на градниот кош и абдоменот.

Инструкторот успеал некако да го довезе глисерот до најблиската плажа, но набргу избувнал и пожар.

Во гасењето учествувале капачи и туристи сместени во близина.

Грчката полиција направила увид и се истражуваат причините за оваа страшна несреќа, пренесува АПА-МПА.