Пет полски тинејџерки загинаа во пожар на роденденска прослава

Пет девојчиња на  возраст од 15 години, загинаа во пожар за време на роденденска прослава во полскиот град Кошалин.

Тие се наоѓале во така наречената ,,Ескејп рум“, популарна игра меѓу младите, а се состои во натпревар за изнаоѓање решение за одредена ситуција. Учесниците остануваат затворени внатре сѐ додека не дојдат до логично решавање на одреден проблем.

Жртвите настрадале за време на играта кога биле затворени внатре, а во тоа време избувнал пожарот.

Во оваа трагедија тешко е повредено едно момче.