Пет судии од Управен суд предмет на истрага на СЈО

Обвинителката Ленче Ристовска потврди дека СЈО повикало на сослушување пет судијки од Управен суд за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата положба.

Таа рече дека сите, па и судиите одговараат пред законот за своето постапување и никој не може да се крие зад својот имунитет или положба.

Претходно, Претседателот на Судски совет Зоран Караџовски организареше драматичен прес, на кој повикуваше на почитување на судската независност.

Тој го обвини СЈО дека постапува спротивно законите и дека врши хајка врз одредени судии.

Повикувањето на сослушување на петмина судии од Управниот суд во својство на осомничени лица од страна на Специјалното јавно обвинителство е основната причина да се обратиме до јавноста, изјави денеска претседателот на Судскиот совет на РМ, Зоран Караџовски.

Караџовски нагласи дека судиите се повикани на сослушување во својство на осомничени лица поради одлуки донесени при извршувањето на нивната судиска функција, а ваквиот начин на постапување на Специјалното јавно обвинителство е во спротивност со основните начела и стандарди за независност и непристрасност на судиите.

Тој ги повикал на пресот да присуствуваат и странските претставници во земјата, а нивното отсуство го правдаше со кусото време за подготовка на прес конференцијата.