Пеш од Берлин до Алепо

БЕРЛИН (АА) – Неколку стотици активисти тргнаа од Берлин кон градот Алепо, учествувајќи во маршот на солидарноста за жртвите од војната во Сирија, со што сакаат да повикаат на прекин на војната во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Учесниците на маршот носејќи бели знамиња тргнаа на пат до локацијата каде што некогаш се наоѓал берлинскиот аеродром Темепелхоф, и се очекува дневно да поминуваат околу 20 километри, походот да трае околу три и пол месеци.

Тие планираат да одат во спротивен правец од оној на бегалците, низ Германија, Чешка, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Грција и Турција, надевајќи се дека ќе стигнат барем до турската граница со Сирија, а доколку е можно и до сирискиот град Алепо.

Полската новинарка и блогерка Ана Албот, која е иницијатор на идејата, претходно за АА изјави дека целта е да спречи она што се случува во Алепо и да се достави хуманитарна помош за цивилите.

Албот истакна дека многу Европејци се чувствуваат немоќни против бруталните настани во Алепо, поради што се одлучиле да преземат акција.

Таа и нејзините пријатели, активисти, на почетокот на месецот отворија страница на социјалните мрежи наречена Граѓански марш за Алепо (“Civil March For Aleppo”).

Според неа, оваа кампања нема никаква врска со било која политичка партија или организација, туку е инцијатива на неколку десетици волонтери од различни делови на Европа.

Извор: Агенција Анадолија