Наскоро на територија на САД ќе може да се купи ,,ајфон пиштол,, огнено оружје со калибар 0,380, главно произведен за смоодбрана.

Тој лесно може да се трансформира во смартфон и да се носи во чанта или во џеб.

Производител на оваа огнена ,,играчка,, е компанијата од Минесота “The Ideal Conceal”. Во новиот пиштол може да се стават само два куршума, што е сосема доволно за моментална реакција и самоодбрана, а за прецизноста гарантира ласерски нишан.

Рачката лесно се трансформира во пиштол или мобилен телефон, заради што веќе го доби прекарот „ајфон пиштол“ (iPhone gun).

На пазарот ќе се најде во текот на оваа година, а според Тајмс, американската компанија веќе примила  12.000 нарачки.  Пиштолот чини 395 долари (околу 370 евра).

За полицијата оваа информација веќе е ноќен кошмар, а Европската полиција е предупредена дека веднаш по пуштањето на пазарот во Америка, ова ново модерно оружје ќе тргне по илегалните канали кон Европа.