Пијани навивачи на Вардар се истепаа меѓу себе во Келн(видео)

После натпреварот меѓу Вардар и Барселона во Келн и огромниот успех на нашиот тим, не можеше да помине сè како што треба, се посакува и се очекува.

Во близина на Ланксес арена дојде до немили сцени. Пијани навивачи на Вардар се истепаа меѓусебе, а според информации од очевидци и од полицијата, причината за тепачката било знаме на кое пишувало „Фантоми-Гевгелија“.

При тепачката има повредени. Најтешко минаа неколку од навивачите кои заработија скршеница на ногата, потрес на мозокот, повреда на око… Во близина на местото каде што дојде до немили сцени има десетина полициски автомобили, дваесетина полицајци и две возила на Брзата помош.

Повеќе на порталот Улица.мк.