Голема трагедија предизвика пијан возач на истокот на Романија, 200 километри источно од Букурешт.

Во алкохолизирана состојба возач и неговиот сопатник го снимале лудото возење на автомобилот, но во еден момент возачот изгубил контрола над воланот и слетал во двор од куќа.

На лице место ги усмртил тригодишното дете и неговата баба, а мајката кој била бремена со второ дете, починала на пат кон болница.

И покрај тоа што двајцата од автомобилот биле повредени, возачот се обидел да избега.

По кусо време бил уапсен од полицијата.

Ова не е прв ваков трагичен инцидент во Романија. Во подготовка е ригорозен закон за безбедност во сообраќајот.