Пијан возач усмрти најмалку 6 германски туристи во Италија

Најмалку 6 Германци загинаа откако во група од 17 туристи удри пијан возач во италијанскиот Јужен Тирол, на границата со Австрија.

Според последните сознанија загинатите се Германци, а уште неколкумина од групата се префрлени во болница во тешка состојба.

Како што извести италијанската полиција, инцидентот се случил во 1 часот по полноќ.

Погледај слику на Твитеру

Според извор од полицијата, се работи за 28 годишен Италијанец кој бил во алкохолизирана состојба и по трагедијата е однесен на дополнителни анализи за да се утврди дали бил под дејство на дрога.

Kurir.rs/Index.hr Foto: Profimedia