Сиднеј е во жалост, известуваат австралиските медиуми. Голем шок предизвика трагичниот настан што се случи вчера кога пијан 29 годишен возач со својот автомобил удри во 5 деца од 9 до 13 години, кои во придружба на дадилка оделе да купат сладолед. 4 од нив починале на местото на несреќата, а лекарите се борат за животот на петтото дете.

Очајниот татко Даниел Абдалах ги изгуби своите три деца во оваа страшна несреќа, Сиена, Анџелина и Антони, но сепак собра сила да ѝ се обрати на јавноста и да повика возачите да возат внимателно.

Возачот што ги усмрти 4 деца е уапсен и ќе биде обвинет по 20 точки од областа на загрозување на безбедност во сообраќајот со смртни полседици.

Извор:9 News Sydney