Планот на СДСМ е просечна плата од 30.000 денари

 

 

,,Нашата цел е 30.000 денари просечна плата во Република Македонија!

Во семејство со двајца вработени тоа се 60.000 денари! Нема да преживувате како сега – со овие пари, ќе можете да уживате во животот.

Фрижидерите ќе ви бидат полни наместо како сега со конзерви и паштети, ако имате 30.000 денари прoсечна плата,, -рече на митинг во Делчево Зоран Заев.

,,Ќе си ги плаќате редовно сметките, наместо да им поднесувате дебели сметки во пари и здравје на извршителите, ако имате 30.000 денари просечна плата.

Ќе го израдувате вашето дете со омилената играчка од излогот што сега го заобиколувате зашто се плашите да не ви ја побара, а срцето ви се кине да му речете, немам, срамејки се, како да сте вие виновни што државата не ви обезбедила услови за пристоен живот – ако имате 30.000 денари просечна плата.

Ќе можете да си дозволите по работа и на кафе да седнете со пријателите, наместо да ја купувате најевтината кесичка кафе за дома, ако имате просечна плата од 30.000 денари.

Ќе си ја подновите и дневната, и детската соба, ќе си ставите прозорци што не дуваат, ќе си донесете панел за греење, ако имате просечна плата од 30.000 денари.

И нема повеќе да има АКО.

За 12 дена завршува АКО.

За 12 дена почнуваме да го реализираме Планот за живот во Македонија. Ќе има живот за сите, за сите во Македонија.

Силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија, тоа се 100 пати повеќе пари отколку досега власта што има давано.

Сите пари од Буџетот ќе ги насочиме кон граѓаните,,-рече Заев.