Пластичен отпад виден на длабочина од 11.000 метри во Тихи Океан

Американскиот истражувач и авантурист, Виктор Весково, успеа со својата подморница на направи историски подвиг.

Имено, тој се спушти најдлабоко досега во историјата на 10.928 метри.

Но, она што го шокираше е дека дури и таму забележал пластични ќеси и обвивка од бонбони.

Виктор Весково (53), својот историски подвиг го направи во пределот наречен Маријански Ров во Тихиот Океан на 1 мај, јави Си-Ен-Ен. Деталите за неговото патување беа објавени во понеделникот. Неговиот тим постави нов рекорд за најдлабокото соло нуркање во историјата, на длабочините од 10.928 метри.

Виктор Весково

Директорот на Титаник, Џејмс Камерон, го држеше рекордот пред неодамнешното патување на Весково.

Мисија на Весково е биодиверзитетот на овие океански длабочини, кој е уникатен, но и тука загрозен од човечка негрижа.

Покрај пластични отпадоци, Весково открил четири нови океански видови, пишува CNN. Научниците на тимот планираат да ги тестираат суштествата за да видат дали проголтале пластика.