Платини не е уапсен, само е приведен појаснува полицијата од Франција

Случајот „Платини“ ја разбранува Светската  фудбалска јавност, првичната информација беше дека е уапсен поранешниот претседател на УЕФА, стигна информација од француската полиција, станува збор за приведување.

Француската полиција потврди дека станува збор за приведување на Мишел Платини, тој не е уапсен, ова е дел од акцијата во врска со истрагата повод организацијата на Катар на Мундијалот во 2022 година  но и Русија 2018.

Истрагата се води поради можна корупција, потврди француската полиција и додаде дека е важно да се прави разлика межу „апсење“  и  „приведување“ .