Платформата за онлајн учење создадена од ФИНКИ чини 0 денари

Платформата за онлајн настава обединува 270 илјади ученици, а чини 0 денари. Ја создаде ентузијастички тим од ФИНКИ, МОН и Бирото за развој на образование.

Веќе е достапна за децата и родителите преку адресата www.schools.mk, нуди можност за учење на пет јазици и е инклузивна. Пред официјалното нејзино стартување на први октомври, претходат низа тестирања.

Професорот Боро Јакимовски, еден од креаторите, за емисијата Стадион на Канал 77 зборуваше за сите аспекти на оваа алатка за учење.

,,Ги охрабрувам настаниците да ги откријат нејзините можности и да им понудат квалитетна настава на учениците. Продолжуваме сите заеднички да ја развиваме, со што ќе создадеме непроценлив ресурс, којшто ќе биде поддршка во учењето и кога ќе ја нема пандемијата“-вели министеркатата за образование, Мила Царовска.