Платформата причина за раздор меѓу партиите на Албанците

Лидерот на ДПА Мендух Тачи, по Централното претстдателство на партијата, рече дека тој никогаш нема да ја прифати Платформата на албанците:

,,Платформата на ,,сеалбанските партии“,  е еден славјанско-руски партал, кој за нас никогаш нема да биде прифатлив. Кажете ми една друга земја во Европа, или народ како нас, со 35 проценти, да прифати една таква смешна платформа.„-рече Тачи.

Од друга страна, како што известуваТв21, Али Ахмети неодамна тврдел дека тој разговарал неколлу пати со Тачи и дека му тврдел дека нема да се противи на платформата:

,,Зборував со господин Тачи, три пати зборував со него. Тој имаше некои маки, имаше некои случувања во неговата партија и рече-јас нема да се спротиставам“-изјави Ахјмети.

Од коалицијата Преродба со Беса велат дека ја поддржуваат платформата, иако имаат недоразбирање со ДУИ во врска со авторството на платформата:

,,Нашиот став останува непроменет , се додека не одлучиме поинаку што се однесува до поддршката на Декларацијата што ја потпишавме, но ние имаме проблем со ДУИ околу авторството. ДУИ сакаат да присвојат се што е важно за Албанците“-изјавија од Беса.

Алиојансата за Албанците,како што изјавил Села, останува на ставот за поддрѓка на Платформата.

 

Извор:тв21