Пленковиќ доби мандат за состав на Влада

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ му го врачи мандатот за состав на нова Влада на претседателот на ХДЗ и мандатар Андреј Пленковиќ кој успеа да собере поддршка и потписи од 91 избран пратеник.

Тој претходно и ги стави на увид сите 91 потписи, со што докажа дека ја ужива потребната поддршка за состав на нова хрватска влада.

Пленковиќ најави дека програмата што ќе ја презентира пред Хрватски Сабор ќе биде економски ориентирана.