Димитар Мечкаровски ќе го суди дербито од 19 коло во ПМФЛ, во Тетово Шкендија го пречекува Вардар.

Ова е супер дерби по зимската пауза меѓу актулениот шампион на Македонија и Вардар кој се обидува да дојде до титулата. По 18 одиграни кола, Шкендија е лидер со 40 бода, Вардар на втората позиција има пет помалку.

Натпреварите од 19 коло се играат утре со почеток од 14 часот, покрај средбата во Тетово се среќаваат, Работнички – Ренова, Силекс – Шкупи, Академија Пандев- Македонија Ѓ.П. и Победа – Беласица.