Денеска се игра последното кол ово ПМФЛ, интересно ќе биде на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички го пречекува Шкупи, директна пресметка за четвртото место и квалфикации за Европа лигата.

Од бездната до Европа лигата, таков е патот на Работнички во последните неколку кола, со нерешено или победа „романтичарите“ обезбедуваат квалификации за ЕЛ.

Шкупи има еден куп мотиви, со победа ќе го прескокне Работнички и тој ќе биде четвртиот на табелата на крајот со пласман во ЕЛ.

Во Кочани, Победа ќе ја пречека Македонија Ѓ.П. , тимот од Скопје со триумф ќе обезбеди квалфикации во Европа лигата. Победа од претходно е веќе испадната , нема мотиви и игра за своето реноме.

На останатите средби од последното коло , Академија Пандев – Вардар, Силекс – Беласица и Ренова – Шкендија се двојките , сите средби започнуваат од 16-30 часот.