Паузата заврши, продолжуваат натпреварите во ПМФЛ, во Тетово се игра дербито на 19 коло , Шкендија го пречекува Вардар.

Шкендија е лидер во ПМФЛ со пет бода предност во однос на Вардар и дербито во Тетово носи многу неизвесност и се очекува голема борба на двата ривали за титулата. Димитар Мечкаровски е главен судија на средбта која започнува од 14 часот.

Шкендија и Вардар сериозно се засилија во зимскиот преоден рок и ќе биде интересно да се види како ќе фунскционираат екипите со новите играчи во составот.

ШКЕНДИЈА :
ДОЈДОА: Агим Ибраими (Домжале – Словенија), Зени Хусмани (Гиресунспор – Турција), Благоја Тодоровски (Работнички), Јакуп Бериша (Вардар), Берат Беќири .
ЗАМИНАА: Ремзифаик Селмани (Лапи – Косово), Мевљан Адили (Жалгирис – Литванија), Шчиприм Таипи (Скендербег – Албанија), Шпенд Асани (Гњилане – Косово), Арлинд Алити (ФК Струга Трим Лум), Донат Алиу (Тиквеш), Башким Љама (Гостивар), Илаз Чилафи (Гостивар), Ерсин Фетаи (Ренова), Саладин Мустафи (Шкупи).

ВАРДАР :
ДОЈДОА: Хуан Фелипе (Каират – Казахстан), Даниел Аврамовски (Олимпија – Словенија), Леовигалдо Жуниор Реис Родригез (Македонија ЃП), Бојан Колевски (Борец).
ЗАМИНАА:Јакуп Бериша (Шкендија), Тигран Барсегјан (Каисар – Казахстан), Максим Максимов, Александар Кировски, Виктор Нилдо Јуфо (Семен – Индонезија), Николас Херанц, Бесар Исени (Шкупи), Филип Антовски (Динамо Загреб – Хрватска), Тодор Тодороски (Осијек – Хрватска), Дејан Маркоски (Тетекс), Алекс Талески (Плзен – Чешка).

Двојки , 19 коло :

Шкендија – Вардар, Работнички – Ренова, Силекс – Шкупи, Академија Пандев- Македонија Ѓ.П. и Победа – Беласица .

Натпреварите започнуваат во 14 часот.