Шампионит Шкендија го доби дербито со Вардар, минимално 1-0 со голот на Имери во 23 минута. Шкендија со оваа победа ја зголеми предноста на табелата на 8 бода во однос на Вардар кој беше оштетен за еден гол во Тетово.

Работнички и Ренова одиграа нерешено 1-1, Петковски го доведе Работнчки во водство во 45 минута, Мишковски израмни во судиското продолжение на 1-1. На останатите средби од 19 коло, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 3-0, Силекс – Шкупи 2-2 и Победа – Беласица 1-1.

На табелата води Шкендија пред Вардар со 8 бода предност.