Нема дилеми што ни е потребно вечерва против Исланд, имаме само една опција, победа и ништо друго за пласман во главната фаза и продолжување на настапите во Келн. Двата порази од Хрватска и Шпанија не одалечија од зацртаната цел, сепак ништо не е загубено и со трет триумф вечерва на Мундијалот патуваме во Келн.

Селекторот Раул Гонзалез изјави дека треба да се заборави второто полувреме со Шпанија , треба да играме како што игравме против „фуријата“ во првите 30 минути , само така ке имаме шанси против Исланд.
Натпреварот со Исланд е како финале за нас, ако играме како во првиот дел, имаме реална шанса за победа над Исланд – изјави Гонзалез.
Македонија и Исланд се среќаваат од 18 часот со пренос на МТВ 1 и Аренаспорт 2.