Повеќе од 6 часа траеше рочиштето за ,,Дива населба”

Кусо, на почеток, беше отворено за јавност рочиштето од судскиот процес ,, Дива населба”, во кое на повеќемина обвинети им се суди за тероризам.

Обвинителката Вилма Рускоска го прекина сослушувањето на сведокот Мурат Љутвиу, заради различен исказ од предистражната постапка.

Веднаш потоа, судењето беше затворено за јавност. Досега се испрашани 18 заштитени сведоци.

Јавното обвинителство гони 29 обвинети за терористички напади врз македонската полиција на 9 мај 2015 во оваа кумановска населба.

Во дводневните судири загинаа 8, а беа ранети 50 полицајци.

По денешното рочиште, под силни мерки на обезбедување, обвинетите беа вратени во притвор.

divo7 divo4
divo9 divo6

Сообраќајот околу судот на сите сообраќајници беше повеќе часови блокиран и пренасочуван.