Повикувајќи се на портал,ВМРО ДПМНЕ тврди дека Груевски остварил средба со Меркел

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски оствариле средба со германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта-извести вечерва ВМРО ДПМНЕ преку соопштение.

Партијата оваа информација ја базира на информација на портал ?! (без да наведе од кој портал ја црпи информацијата). Според таа вест, на средбата заедно со Меркел биле и претседателот на Комитетот за надворешни работ во европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.

,,На средбата, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и ЕУ.

Според информациите, двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за можните опции за понатаму“-се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

(Фотографијата е преземена од официјалниот сајт на партијата ВМРО ДПМНЕ)