Седуммина полицајци и неколку демонстранти се повредени на вечерашните протести пред Собрание на РМ, кои беа организирани преку социјалните мрежи.

Според МИА,  тројца цивили се приведени, а екипи на Итната медицинска помош интервенираше вечерва по повик на полицијата .

Но, некои медиуми јавуваат дека се приведени неколку десетици демонстранти. Ситуацијата на моменти беше многу тензична.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името .

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.