По кој знае кој пат, запалена е дивата депонија во Визбегово.

Несовесните лица повторно без грам совест предизвикаа општа опасност по здравјето на граѓаните, палејки го сметот на депонијата Визбегово.

Екипите на Инспекторатот на град Скопје и П.П.Бригадата се на лице место. Сторителите побегнале, ке следи истрага, објави Инспекторат на Град Скопје.

Овие пожари се лесни да се запалат, а многу тешки да се изгасат заради потповршинските гасови на депонијата. Тие можат да тлеат со денови и да се појават одново и кога делуваат угасени.

,,Деновиве бележиме голем број на намерно запалени огнови на отворено на Вардариште и во населбите Маџари и Лисиче. Некои од нив беа откриени од нашите инспектори и не беа воопшто пријавени на 193. Ги потсетуваме граѓаните дека најбрзиот начин тие да бидат сузбиени е јавување на 193, а мешаните тимови на инспекторатот, противпожарната бригада, полицијата и црвениот крст, се задолжени за идното нивно превенирање“-потсетуваат од Инспекторат на Град Скопје.