Градските власти не можат да се справат со вандалите и крадците на украсното свежо цвеќе низ градот. ,,Паркови и зеленило“ пак ги најдоа леите за цвеќе празни, раскопани и уништени. Не се знае веќе по кој пат.

,,Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк“ велат во објавта.


,,Толку ли не си го сакаме својот град што постоано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?!

Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина“-прашуваат од Паркови и зеленило.

Прашуваат за што друго ни се дадени рацете ако не за да и дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!