Механизација работи на чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој по којзне кој пат беше направен дива депонија и во два наврати гореше.

,,Работници од општинските комунални служби, исто така се вклучуваат во акцијата

Од 16:00 часот, во овој дел ќе дежураат и двајца комунални редари на Општина Карпош. Од СВР Скопје побарав полициски патроли и дежурства, од денеска, во тек на викендот и во претстојните денови. Никој, ама апсолутно никој не смее да предизвикува опасност по животната средина“-информираше градоначалникот Стефан Богоев.