Поглаварот на ИВЗ не се одвојува од скапиот Ролекс подарок од Бошко Илоски-Ремис

Поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, реис ул улема Сулејман Реџепи, е вљубен во скапиот подарок од охридскиот бизнисмен Бошко Илоски, сопственик на градежната фирма „Ремис“, на хотелот Инекс Горица и на други бизниси низ државата.

И покрај бројните негативни реакции поради примањето на таков скап подарок и негово покажување во јавност, Реџепи не сака да се откаже од ова задоволство и гордо го носи и покажува насекаде.

Неодамна, на ифтарот во владата, при поздравување со премиерот Заев, до израз дојде скапиот Ролекс.

Реџепи со Ролекс од 35.000 евра

Според некои проценки, овој часовник вреди околу 35.000 евра, но тоа не му пречи на поглаварот на ИВЗ , како и прозивките дека не личи , токму тој како олицетворение на една религиозна институција која пропагира скромност и хуманост, да носи таков часовник и да покажува луксузирање .

Ролекс на раката на Поглаварот на ИВЗ

Сулејман Реџепи неодамна во едно интервју самиот кажа од каде му е овој часовник, но не објасни зошто некој би му подарил толку скап подарок.

Контроверзниот поглавар на ИВЗ има бројни судири во јавноста со неистомислениците и неговите критичари, но тој продолжува и натаму да владее со ИВЗ и покрај големото незадоволство на дел од верниците.

Неодамна, кога во ИВЗ упадна финансиска полиција за да го провери нејзиното работење, поглаварот Реџепи изјави:

– Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме.

Потоа жестоко го критикуваше премиерот Заев, а се закани дека има „бомба“ за Заев и дека кога-тогаш ќе ја употреби.

Пред два дена седеше од неговата лева страна.

Сулејман Реџепи во Влада до премиерот на ифтар

Поглаварот на ИВЗ не се воздржа дури и од клетви кон судијката која ја донесе пресудата во корист на неговиот ривал за челото на ИВЗ, според која Бузаку треба да биде нов поглавар.

Реџепи искажа скандалозна изјава за што Обвинителството отвори предмет, но досега не се произнесе дали е оформено обвинение , бидејќи поглаварот одбива да даде изјава пред обвинител.

– Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починат –рече Сулејман Реџепи за судијката која го водеше предметот за тоа кој треба да биде поглавар на ИВЗ и донесе пресуда која не е во корист на актуелниот поглавар.

АКО.мк (Е.Л.)