Поделени првите картички за ,,зелена нафта“ во Крива Паланка

Во просториите на ПЕ на МЗШВ во Крива Паланка, беа доделени картички за ,,зелена нафта“ на десетина земјоделци од овој крај, со цел промоција на новата мерка за набавка на гориво за земјоделската механизација за земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце.

– Досега oд подрачната единица на ресорното Министерство персонализирани платежни картички добија вкупно 62 земјоделци корисници на ваква нафта .Изразуваме благодарност до Владата на РСМ за проектот Зелена нафта за земјоделците кои се регистрирани во нашата општина и во цела држава, каде со оваа мерка се предвидени вкупно 200 милиони денари за 55 000 земјоделци“,- изјави раководителот на ПЕ на МЗШВ Ивица Бојковски .

Во двете општини,кои се во надлежност на Подрачната единица на МЗШВ Крива Паланка, вкупно 463 земјоделци имаат право да ја искористат оваа мерка. Бесготовинската карта за зелена нафта е наменета за набавка на дизел гориво на која и да било локација на бензинска на „Макпетрол“.

Станува збор за картичка која може само да ја користи сопственикот лично, а на неа се испечатени името,презимето и датумот на раѓање. Корисниците на „зелената нафта“ за 2019 година овие бонови треба да ги искористат со завршувањето на пролетната сеидба во април 2020 година, а истите се уште можат да ги подигнат во просториите на ПЕ. Согласно методологијата и критериумите минимумот кој треба да го добие еден земјоделец е 500 денари, а максимумот е 100 000 денари, во зависност од тоа колку пријавил обработлива земјоделска површина.