Поделеност меѓу членството на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка по изборот на нов координатор

Старото членство на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка го презеде кормилото на ОК на  Вмро Дпмне од Крива Планка. Од вчера  нов координатор за овој град е Игор Тодоровски долгогодишен член и активист на партијата, вработен во ЈП Македонија пат.
По неодамна распишаните внатрепартиски избори за прв човек на ОК, на кои се кандидираа повеќемина челници од локалното раководство, Тодоровски успеа да ја добие довербата на мнозинството партиските членови.
Оваа одлука сепак остави многумина изненадени и незадоволни меѓу  членовите кои изминатите години ги држеа конците во локалниот општински комитет на ВМРО ДПМНЕ .
Тивката нетрпеливост во јавноста и бурните расправии зад сцена помеѓу досегашниот претседател на Ок Борче Стојчевски и актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, како и меѓу старото и ново  крило на партијата, придонесоа за револт и поделеност меѓу членството.
Изборот на Тодоровски, кој важи за близок на старото вмровско крило во градот, го поздравија бројни челнови и симпатизери на владејачката партија од овој град. Од нивните коментари, од кои денес врие на социјалните мрежи, може да се заклучи дека се задоволни затоа што како што велат, конечно партијата се вратила кај старите и вистинските вмровци.
– „И после долг период Вмро Дпмне Крива Паланка доби координатор вмровец,честитки Игор Тодоровски“, пишува активист на оваа партија.
– „Честито нова функција знам дека твоето огромно искуство во партијата и постојано напредување од МК при УМС па преку ОК на Умс па комисии и така натаму, убеден сум дека ке бидеш праведен и успешен претседател на Ок на Вмро-Дпмне Крива Паланка“, пишува друг кривопаланчанец.
-„Честитки за новата функција,партијата во Крива Паланка е во рацете на праведен,чесен и сигурен човек“,пишува трет.
Долгогодипшите членови на партијата велат дека сега е потребна чистка во Општинскиот комитет, секако да има нови членови, но и да се води сметка за старото членство кое беше маргинализирано изминатите години. Тие исто така сметаат дека има многу млади кадри кои треба да добијат некаква предност, бидејќи тие долги години се влечат по митинзи и лепење на плакати, но не и да се занемарува старото лојално членство.
Поголем дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка сметаат дека е добро што конечно  поранешниот координатор Стојчевски е настрана од партијата. Тие велат дека тој во изминатиот период  буквално го киднапирал ОК во Крива Паланка од вистинските вмроовци и на секој можен начин им забивал нож во грб на своите сопартијци.
Кривопаланечките членови на оваа партија  велат дека никогаш немале доверба во него, зашто тој како зет за ќерка на бившиот градоначалник од СДСМ, за време на неговото управување со партијата успеал да си ја вработи својата сопруга во Основен суд во Крива Паланка, да се избори за место во општинскиот совет на кој подоцна стана и претседавач, а брзо напредувал и во кариерата.  Постојано имал бројни  ургенции за вработување на негови блиски и пријатели.
Истакнати членови на партијата со кои разговаравме велат дека Стојчевски одамна ја изгубил довербата кај членството, а чашата се прелила по составувањето на кандидатската листа за советници во општинскиот совет за следните локални избори, на која на добитните места се нашле негови кадри и поддржувачи .
Од друга страна пак, за Игор Тодоровски велат дека е верен член на партијата,секогаш во првите редови на сите митинзи и протести. Верен поддржувач на политиките на старото и маргинализирано вмровско членство, кое изминатиов период доживеа сериозни потреси во изборните циклуси.Со неговиот избор ,локалното ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка  се надева дека повторно ќе ја стекне изгубената доверба од старото членство и со нови сили  ќе настапат  на претстојните избори.
Има и такви кои се воздржани по изборот на Тодоровски. Според нив од бројните кандидати кои биле сериозни конкуренти за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во К.Паланка,  изборот не поминал баш најдобро. Конкурирале бројни интелектуалци и високообразовани кадри, а изборот паднал на кадар кој не може да се пофали со такви референци, велат тие. 
АКО.мк