Пожарникарите реагираа молскавично и со скали се искачија до станот кој се наоѓа над опожарениот во наслебата Кисела Вода на улица Народен фронт.

Таму, како што е алармирано, има деца.

Со пајак се пробиваше патот за пожарните, сѐ е блокирано од паркирани автомобили

Како што информиравме, околу 14 часот избувна голем пожар во стан на улица ,,Народни херои“ број 23 во Кисела Вода, а беше зафатен најмалку уште еден стан.

Последните информации од терен се дека нема повредени, а пожарникарите ги згрижија на безбедно децата од станот што се наоѓа над опожарениот.

Има голема материјална штета.

Фото и инфо: Силвана Бркуљан