Пожарот во атарот на с.Требовље се уште е активен

 Во текот на вчерашниот ден околу селото Требовље биле распоредени екипи од ДЗС, ШС Сандански од Македонски Брод, ТППЕ на Македонски Брод и лица од месното население. Првиот крак од пожарот во с.Требовње се ширеше во правец на с.Здуње. Во гаснењето на пожарот интервенирале и 2 хеликоптери на АРМ. Со пожарот била зафатена бандера на далекувод и во моментот без електрична енергија се жителите од с.Близанско-информираат од Центар за управување со кризи.

Околу 18:10 часот пожарот бил пристигант до патот во близина на селото Требовље и биле загрозени првите куќи од селото, поради што беа испратени дополнителни сили, екипи од ТППЕ на Тетово, Струга, Гостивар, Куманово.

Во 20:00 часот беше одржан Регионален штаб за управување со кризи на ПО РЦУК Македонски Брод на кој присуствуваа претставници од РЦУК Македонски Брод, Градоначалникот на Македонски Брод, претседателот на МЗ, претставник од ДЗС Македонски Брод, претставник од Здравствен дом и претставник од ЈП Македонски шуми.

На состанокот била согледана состојба на теренот и донесени се следните заклучоци:

Се работи за два пожари од кои едниот е од месноста „Круша„ атар на с.Близанско со правец на движење према Требовље а вториот пожар е од Требовље со правец на движење према  месноста „Лутоец„ и Фојник;

Во изминатите денови имаше ангажирање на воздушните летала – 2 хелихоптери на АРМ и повремено ангажирање на 2 авиони од ДЗС. Меѓутоа поради високогорривната материја (борова шума), високите температури и лошиот терен пожарот се уште е активен.

Поради тоа донесен е заклучок во текот на денешниот ден (31.07.2017) за гасење на пожарот да бидат ангажирани следните сили: воздушните летала на ДЗС; лица од ЕЛС – Мак.Брод; ДЗС – Скопје; ЈП Јасен, ТППЕ Мак.Брод, ДЗС – Кичево, ДЗС Мак.Брод, ДЗС – Прилеп, ЈП Македонски Шуми и од месно население на с.Требовље. Покрај тоа од Здравствен дом Мак.Брод на местото на пожарот во с.Требовље ке бидат присутни 2 екипи. Полициската станица Мак.Брод ќе биде ангажирана за регулирање на сообраќајот. Подршка на силите во гасењето на пожарите дава и АРМ со своите воздушни сили (хеликоптери со ведра)-информираат од ЦУК.