Пожарот изгаснат, штетата голема, гореше куќа во Тафталиџе(видео)

Утрината во 8 часот било пријавено дека пожар зафатил куќа во скопско Тафталиџе, јави ТВ 24.

По интервенција на пожарникарите, комплетно е изгаснат пожарот што утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопско Тафталиџе.

Според информациите на ТВ 24, причина за пожарот е расипан бојлер.

Пожарникарите утрината се бореа со пожарот кој комплетно ја уништи покривната конструкција и потпокривот на куќата.

За среќа, нема повредени.

Извор: ТВ 24