Пожар во старата струмичка касарна, опожарена и ТВ Вис

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица, објави ТВ канал Вис, а се опожарени дел од нивните простории.

Во пожарот се зафатени телевизиското студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата.

Противпожарната екипа е сѐ уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот.

,,ТВ канал ВИС нема да ги остави гледачите без содржини. Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал“- известуваат од ТВ Вис.

Фото и вест: ТВ Вис