Пожртвуваноста на пожарникарите е за пофалба, а не за сеир и критика

Интервенцијата на пожарникарите при пожарот во зградата на улица ,,Народни херои“ 23 во Кисела Вода, се водеше пред целата македонска јавност во живо со помош на камерите на повеќе портали.

Со натчовечки напори, ризикувајќи ги своите животи и со дотраена техника и опрема, скопските пожарникари најпрофесионално си ја завршија работата.

Спречија поголема трагедија, спасија деца и стари луѓе во непристапна зграда поради безобразното узурпирање на секој слободен простор и надоградба на станови на покривот.

Но, тие истите станари место да им помогнат на пожарникарите, само стоеа на страна , критикуваа и пцуеја.

Новинарот на тв 24, Сунаи Сабриоски, кој известуваше од овој настан, вака го опиша однесувањето на станарите и локалните жители.

,,Наклон до земја за пожарникарите! Наместо толеранција и помош при пожарот кој што се случи денес околните жители брутални кон пожарникарите со закани, пцуење, спречување да си ја вршат својата работа, дрски и безобразни. Штом видоа камери се испотепаа да излажат дека пожарникарите не стигнале навреме – беда во раскош од народ сме се направиле. Не дека не стигнале и немале вода тоа беа бизарни лаги на жителите. Никој не побара да ги сожалуваме, тоа е нивна работа, но беше ужасно да се гледа секој пожарникар како се жртвува себе си додека овие ги пцуеа и снимаа ко луди со мобилните телефони. Беше момент на храбри херои кои еден по еден бараа начин да изнајдат да нема жртва. Успеаа во тоа иако дел од нив завршија или ќе завршат по болници. Работаѕ со мизерни средства и опрема. Заслужуваат почит и многу повеќе. Браво и секоја чеат на пожртвуваноста на сите пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје!!! “-напиша тој на социјалните мрежи.