Познатиот готвач Ентони Бордејн изврши самоубиство

Познатиот њујоршки готвач Ентони Бордејн, изврши самоубиство  во хотелска соба во Франција. Неговата матична телевизиска куќа CNN ја потврди информацијата.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот драг пријател и колега, Ентони Бордејн“, соопштија од телевизиската мрежа. „Неговата љубов за авантура, нови пријатели, фина храна и пијалоци и одличните приказни од целиот свет го направија неповторлив раскажувач“.

За смртта на Бордејн се дозна утрово, кога неговиот близок пријател Ерик Риперт го пронашол во хотелската соба без знаци на живот. Славниот готвач бил во Франција каде ја подготвувал новата епизода од неговата наградувана емисија за храна на CNN.

Ентони Бордејн кој имаше 61 година беше мајстор на храната. Тој ги собра сите можни награди за неговите две хит-емисии„No Reservations“ i „Parts Unknown“.