Познат српски доктор по физикална медицина почина од Ковид 19

Милан Милеусниќ, 49 години, познат српски доктор специјалист по физикална медицина и рехабилитација почина од Ковид 19, соопшти Клиниката по спортска медицина чиј основач беше тој..

Тој се заразил од корона вирусот, но имал тешка клиничка слика и по кратка, но тешка борба починал изминатата ноќ .

Милеусниќ беше омилен доктор на српските спортисти, но и на естрадата.

Негови пациенти беа врвни спортски личности, кои со тага се простуваат од него.