Политичките лидери на Албанците во Македонија повторно кај Рама во Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама на својот ФБ профил објави фотографии од новогодишна средба , а потоа и состанок на маса со политичките лидери на Албанците во Македонија.

Во новогодишна атмосфера сликани покрај елка, Рама е во срдечна атмосфера со Али Ахмети, лидер на ДУИ , Зијадин Села од Движењето за реформи на ДПА, а во нивно друштво  на работната средба потоа е и Артан Груби.

15747575_10154331119476523_5011891374894798798_n

Пред сребата, која е втора одржана во Тирана за неполн месец, медиумите на албански јазик во Македонија коментираа дека е јасно дека на заедничка маса нема да се најдат сите партии кои на изборите обезбедија пратеници во Собрание. ДПА има свои услови за присуство, бара прво сите лидери на партиите на Албанците да поднесат оставка, бидејќи како што велат сите се губитници-пишува 21 тв.

За обединување околу заедничка платформа се и од Движењето Беса, но не на предложениот начин. Од Беса велат дека актуелните структури на политичките партии немаат кредибилитет да се соочат со македонскиот блок.

Според Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, седнувањето на иста маса со ДУИ е само-дискредитирање. Но сепак, тоа би го проголтале, за доброто на Албанците, како што вели. Таравари додава дека соработката помеѓу партиите на Албанците во Македонија е желба на албанскиот премиер.

Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејата, уште еднаш јавно ги поканил сите партии да ја прифатат иницијативата на Али Ахмети. Според него, владата ќе се формираа откако ќе бидат изгласани законите кои се во интерес на Албанците.

АКО.мк актуелно-објективно