Полицајка брутално претепа тинејџерка во Филаделфија(видео)

Полицијата во Филаделфија  почна истрага против полицајка која брутално претепа млада девојка, која и се спротиставила на повиците да застане и да се легитимира.

Видеото со претепувањето е поставено на Фејсбук, по што пристигнаа бројни осуди за однесувањето на полицајката и барање за нејзина одговорност.

Полициска патрола дошла на повик да спречи тепачака меѓу тинејџерски групи, но една девојка од нив одбила да ги послуша наредбите на полицајката, по што оваа се изнервирала и ја соборила на асфалтот, а потоа почнала да ја удира со боксови, но и со пендрекот.

Видеото предизвика голем револт во американската јавност, заради се почестите претепувања и убиства на цивили од страна на полицијата.