Полицајци клекнаа пред демонстрантите во Мајами и побараа прошка

Демонстрациите во САД не стивнуваат по полициската бруталност врз Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на апсењето, по што тој почина.
Демонстрациите се проширија низ цела Америка, а немили сцени го обиколија светот.

Вчера беше нападната телевизиската станица СНН во Атланта, во Њујорк демонстрантите ги опколија полицајците, по што тие се спасија поминувајќи низ толпата со автомобилите.

Запалени се бројни продавници, автомобили, а почнаа и масовни грабежи .

Во Мајами, денеска една сцена ги трогна разлутените демонстранти. Кога се приближија до полицајците, тие клекнаа и побараа прошка.

Луѓето почнаа да се молат и да плачат.

Меѓутоа и во Мајами не беа секаде демонстрантите вака пречекани.

Полицискиот билтен бележи и голем број уапсени и приведени демонстранти.